Регион

Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор по нападот на двата брода на бугарскиот брег

Софија реагира по инцидентите

Бугарските власти најавија дека ќе го повикаат рускиот амбасадор по два инциденти со бродови во близина на бугарскиот брег.

Едниот брод бил погоден од беспилотни летала, а другиот потонал.

Според достапните информации, товарниот брод „Челси 3“, во украинска сопственост и под малтешко знаме, бил погоден од три дрона во вторникот околу 1:30 часот по полноќ.

Нападот се случил на околу 18 наутички милји, односно 33 километри од бугарскиот брег, во близина на Бјала. Сите членови на екипажот биле спасени.

Во посебен инцидент, уште еден брод бил погоден и потонал на околу 17 наутички милји од селото Крапец.

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека засега нема цврсти и јасни докази врз основа на кои може да се обвини конкретна страна за нападите.

Сепак, тој оцени дека логиката упатува на заклучокот дека од ваквиот развој на настаните корист има Руската Федерација.

Најнови вести од: Регион

To top