Хроника

Деветгодишно дете брутално нападнато од група малолетници во Тетово

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Деветгодишно дете било физички нападнато од неколку малолетници на спортско игралиште во Тетово, при што се здобило со тешка телесна повреда.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 октомври, пет минути по полноќ, во СВР Тетово случајот го пријавил 39-годишниот А.Н. од Тетово. Тој навел дека нападот се случил претходниот ден, околу 19 часот, на спортско игралиште во рамките на тетовско средно училиште.

Во нападот учествувале неколку малолетници, а еден од нив употребил и дрвен предмет. Повреденото дете било пренесено во Клиничкиот центар во Тетово, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top