Прашањето со Бугарија нема да биде една од главните пречки за евроинтеграцијата на Македонија, доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„ Мојата клучна теза зад која стојам е дека доколку се врати апетитот за проширување, особено кај 5-6 поголеми земји членки на ЕУ, проблемот со Софија ќе се реши.
Меѓутоа, сум многу прецизен: не велам апетит за проширување во Брисел, не велам апетит за проширување во Европската комисија или во институциите на Европската Унија, туку велам апетит за проширување во 5-6 поголеми и позначајни земји членки на ЕУ.
Доколку тој не се врати, ќе бидеме во оваа ситуација во која сме сега.
Но, наша работа е да ги спроведуваме реформите, да ја јакнеме државата економски и политички и да градиме модерна држава“ рече Николоски во гостување на ТВ Алфа.