„Таа повеќе не ужива доверба кај многу влади на ЕУ“, изјави Ле Пен во интервју за „Фајненшенел тајмс“. Ле Пен изрази сомнеж дека Лајен ќе може да остане на функцијата до крајот на својот мандат, посочувајќи на растечкото незадоволство од начинот на кој се управува со Европската унија.
Француската политичарка најави дека, ако победи на претседателските избори во 2027 година, би можела да влезе во сериозен политички судир со Брисел, пред сѐ, поради буџетските распределбата на парите од буџетот на ЕУ, компетентноста на европските институции и начинот на донесување одлуки.
Едно од најважните прашања, околу кои Ле Пен најавува спротивставување на Брисел, е продолжувањето на финансиската помош за Украина. Таа ја доведе во прашање можноста Франција да продолжи да издвојува многу пари за европски програми за поддршка на Киев, посочувајќи го финансискиот товар врз францускиот буџет.