Македонија

„Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена

Охрид, Струга, Кичево и Дебар под лупа на новиот систем за надзор

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ за само два дена регистрираше вкупно 296 прекршоци на подрачјето на Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

На 12 октомври 2026 година, првиот ден од неговото функционирање, биле евидентирани 148 сообраќајни прекршоци.

Најголемиот дел од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила.

Во текот на вчерашниот ден, 13 октомври, заклучно со 19 часот, системот регистрирал дополнителни 148 прекршоци, информираат од СВР Охрид.

Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата се доставуваат известувања преку СМС-пораки и на електронските адреси.

Од СВР Охрид апелираат:

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град“ има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“

Најнови вести од: Македонија

To top