Македонија

Активиран сајтот за вакцинација против сезонски грип

Вакцинација против грип – пријавете се онлајн

Министерството за здравство соопшти дека заинтересираните граѓани од ризичните групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип. Пријавувањето се врши преку официјалниот сајт на следната адреса: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu.

Со пополнување на електронската форма на сајтот, граѓаните се регистрираат директно во системот „Мој Термин“.

Потоа, согласно претходно утврдениот распоред од планот за вакцинација, ќе добијат СМС-порака со точен датум и час кога треба да се појават на избраниот пункт за вакцинација.

Бесплатната вакцинација е наменета за следните ризични групи: лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција.

Таа спречува појава на потешки форми на болеста, компликации и смртен исход, особено кај најранливите категории од населението.

Најнови вести од: Македонија

To top