Свет

Лав XIV се опоравува по операцијата на рак на белите дробови

Дали папата ќе може да ја реализира планираната посета на Латинска Америка следниот месец, ќе зависи од резултатите на претстојните тестови и од брзината на неговото закрепнување

Папата Лав XIV има добри шанси за закрепнување по операцијата за отстранување на малиген тумор од десното белодробно крило, извршена во вторникот во Универзитетската болница „Агостино Џемели“ во Рим.
Ова за Си-Ен-Ен го изјави д-р Хуанита Мора, национален медицински портпарол на Американското здружение за бели дробови (American Lung Association).

За време на операцијата, хирурзите го отстранија долниот дел од десното белодробно крило заедно со откриениот тумор. Интраоперативната хистолошка анализа го потврди присуството на белодробен аденокарцином – најчестиот хистолошки тип на рак на белите дробови.

Според Ватикан, процедурата била успешна и без компликации. Папата нормално се разбудил од анестезија и бил вратен во болничката соба по краток период на опсервација.

Белодробниот аденокарцином сочинува приближно 40% од сите случаи на рак на белите дробови и припаѓа на групата на карциноми од не-ситни клетки (non-small cell carcinomas). Тој обично се развива и се шири побавно од карциномот од ситни клетки, но сепак често се дијагностицира во напредна фаза.

Сепак, во случајот на Лав XIV, се чини дека болеста е откриена рано.

Во неделата, Светиот Отец им соопшти на верниците дека лекарите откриле израсток во неговото белодробно крило во „многу рана фаза“.

Според д-р Мора, добрата општа физичка состојба на 71-годишниот папа е исто така поволен фактор. Лав XIV не пуши, игра тенис и води активен начин на живот.

Во постоперативниот период, тој ќе треба да изведува вежби за дишење и особено да внимава да избегне респираторни инфекции

Според д-р Мора, во одредени случаи на рано откриен и целосно отстранет белодробен аденокарцином, стапката на преживување може да достигне меѓу 80 и 98 проценти.

Овие бројки не претставуваат индивидуална прогноза за папата, бидејќи конечниот стадиум на болеста сè уште не е познат.

Дали Лав XIV ќе може да ја реализира планираната посета на Латинска Америка следниот месец, ќе зависи од резултатите на претстојните тестови и од брзината на неговото закрепнување.

Најнови вести од: Свет

Украинец, засега, единствен обвинет за подметнатите експлозии

Германските обвинители тврдат дека делата за кои се товари Серхиј К. – имено, напади врз цивилни цели и предизвикување експлозии што уништиле инфраструктурни објекти и го попречиле функционирањето на јавните услуги – би можеле да се класифицираат како воени злосторства

Меѓусоседски спор не може да биде пречка за влез во Унијата

Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален документ (нон-пејпер) го посочија спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забавува пристапниот процес на кандидатите за членство

To top