Хроника

“Летал” по автопат со 185 км на час

Спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Црногорски државјанин вчера бил лишен од слобода при излез од земјата на граничниот премин „Табановце“.

Имено тој бил регистриран од безбедносните камери дека со неговото „бмв“ возел со 185 километри на час на автопат на кој ограничувањето на брзината е 100 километри на час.

„На 14.10.2026 во 14:25 часот на Граничен премин ‘Табановце’, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(34) од Црна Гора, откако при проверка на патничко возило ‘бмв’ со црногорски национални ознаки, кое го управувал, преку системот ‘Безбеден град’ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’.

Имено, претходно на автопатот Скопје – ГП Табановце, кај клучка Дељадровци, управувал со возилото со брзина од 185 километри на час на место каде максимално дозволената брзина 100 километри на час.

Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top