Македонија

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Зад секој негов резултат стојат огромна посветеност, љубопитност и желба за постојано надминување на сопствените граници. Неговата приказна одамна не е приказна за еден натпревар или една награда, туку за континуиран развој и за потенцијал кој од година во година добива нови можности да се покаже. Приказната за Македон е потсетник дека на талентите им се потребни визија, посветеност, но и ветар во грбот кога ги освојуваат светските врвови. Во ова четиригодишно патување, Триглав осигурување живот е постојан сопатник на Македон, верувајќи во неговиот потенцијал уште од првите меѓународни медали. Поддршката што Триглав му ја дава на овој млад математички талент е влог во иднината и пример за тоа како домашните компании можат директно да придонесат за развојот на најсветлите млади умови.

Соработката започна пред четири години, во период кога Македон веќе ги правеше своите први значајни чекори на меѓународните натпревари. Оттогаш се сменија многу работи дојдоа нови предизвици, нови признанија и сè поголеми очекувања, но поддршката од Триглав осигурување живот остана константа на тој пат. За Македон, секој следен натпревар е можност повторно да се измери со најдобрите, да научи нешто ново и да оди чекор понатаму. А токму во тие моменти се гледа вредноста на поддршката која не е врзана само за еден успех, туку го следи целиот пат до него.

По четири години заеднички успеси, соработката меѓу Триглав осигурување живот и Македон Димитровски продолжува со истата верба и посветеност. Затоа што вистинската поддршка не трае до следниот медал, туку го следи секој чекор на патот до него. А големите приказни се создаваат токму тогаш кога некој ќе препознае потенцијал, ќе поверува во него и ќе остане покрај него додека ги освојува врвовите.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат когаш-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија, поради утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од нормите

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода.

Венетски: Бугарите имаат криза на идентитетот, се срамат од сопствениот и бегаат кон македонскиот идентитет!

„Со паради и театар, како овој со Цар Самоил или поновиот со Ива Михаилова, Бугарите јасно покажуваат дека имаат класична криза на идентитетот и се срамат од тоа што се, па незадоволни од сопственото бараат друг идентитет, во овој случај македонскиот идентитет.“, изјави истражувачот Дардан Венетски во „За Македонските работи“ на ТВ Алфа.

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, информира денес премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top