Македонија

Герасимовки ќе го смирува Филипче со незадоволните од Платформата 12:05

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Центар, си зададае мисија

 

 

„Моја заложба и цел е да ги помирам спротивставените страни. Добро е за секоја партија да има различни ставови, но тоа треба да нè прави посилни. На крајот на денот треба да седнеме сите на маса, да се обединиме и да тргнеме во победа“ најави  Горан Герасимовски,  во интервју за ТВ Сител.

Според него, за надминување на разликите е потребна волја од сите страни. Герасимовски нагласи дека комуникацијата со дел од членовите на Платформата продолжува и дека со нив има другарски однос.

Герасимовски смета дека единството, отворениот дијалог и заедничката стратегија се неопходни за СДСМ да ја врати довербата кај граѓаните.

„ Во тек е консолидирање на партијата. Треба да покажеме резултати, да ги сплотиме сите поделени страни, да седнеме заедно на маса и да ја вратиме партијата на победничките шини “, истакна Герасимовски.

Најнови вести од: Македонија

To top