Македонија

Мицкоски: Зад случајот со Ива Михаилова се крие политичка позадина (ВИДЕО)

Целта е да ѝ се нанесе штета на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тоа е синхронизирано со опозицијата во земјава, вели премиерот на Македонија

„ Она што мене повеќе ме загрижува е состојбата што на ниво на хистерија ја направија одредени медиуми и политичари кај нашиот источен сосед. Не се проблемот односите меѓу двете држави, туку да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и на мене, покажувајќи некаков тип на политички мускули во координирана акција и јавна дебата со македонската опозиција, и тоа е очигледно.

И македонската опозиција ќе прави политички притисок врз актуелната Влада и на тој начин тие ценат дека политичката репутација на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намалат во очите на граѓаните “, рече синоќа Мицкоски во гостување на ТВ21.

Тие создаваат иста теза, додаде тој.

Апсолутно е неточно тоа што се пласира во Бугарија дека Ива Михаилова ја преминала македонско-бугарската граница преку официјален граничен премин,тврди премиерот Христијан Мицкоски во врска со нејзиното пребегување во Бугарија. Тој вели дека МВР се уште го истражува начинот на кој Михаилова е пренесена на бугарска страна, но тврди дека таа на нелегален начин преминала и тоа во соработка со нејзиниот бугарски адвокат, кој во земјава всушност влегол на 28 септември, а не како што тој рече дека ден пред да ја земе Михаилова ја преминал границата. Мицкоски три пати повтори дека и Ива Михаилова и нејзиниот татко ќе одговараат пред македонските власти.

„МВР истражува и ќе дојдеме до сознанија на кој начин е однесена. Она кое што исто така сакам да го кажам е дека и родителот кој што треба да одговара пред македонските власти и Ива која што треба да ја докажува својата невиност ќе одговараат. Кога – тогаш“ рече ремиерот.

Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин, да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самата себе си ја прави на меѓународен план, но тоа е нивна одлука, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Ако забележите, медиумите кои се провладини кај нив и нашата македонска опозиција што имаат заедничко? Заедничка е тезата дека ова било договорено. Добро, еве ако е договорено, сега има меѓународна потерница, ве молам испорачајте ги. Бидејќи имаме меѓународна потерница. Ако не ги испорачаат, тоа значи дека нивната теза не е вистина “ рече Мицкоски.

Тој рече дека Михаилова не поминала на легален граничен премин во Бугарија.

Тој не гледа пропуст кај институциите во државата и повтори дека правдата ќе ги стигне и Ива Михаилова и нејзиниот татко правосилно осуден во случајот „Детонатор“.

„Не мислам дека ова што го направиле за нив е спас и кога-тогаш тие ќе одговараат. Ако мислат дека на овој начин ќе ја заобиколат правдата се лажат. А, тоа што го направија властите кај нашиот источен сосед не можам да кажам дека е умен потег и мислам дека нивната репутација е сериозно нарушена на меѓународната сцена, но тоа е нивна работа“ рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top