Македонија

Избирачите од Општина Брвеница денеска гласаат за нов градоначалник

Вкупно 16.256 жители со право на глас денеска избираат наследник на починатиот прв човек на општината, Јовица Илиевски

Вкупно 16.256 жители на Општина Брвеница со право на глас од десетте населени места на денешните вонреди локални избори гласаат за нов градоначалник.

Избирачките места се отворени од 7 часот, гласањето ќе трае до 19 ч, а на гласачкото ливче има шестмина кандидати, од кои четворица на политички партии и двајца независни.

За кандидат да биде избран во првиот круг потребно е да освои најмалку половина плус еден од гласовите на избирачите што гласале, под услов тоа да го сториле минимум една третина од запишаните во избирачкиот список.

Од вкупно регистрирани 88 болни или немоќни, своето право на глас вчера го остварија 85 лица, а од деветтемина запишани во Избирачкиот список, а се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас го оствариле седуммина.

За нов градоначалник на Брвеница вонредно се гласа поради смртта на 23 јуни годинава на дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top