Македонија

Адвокатот Митровски за Михаилова: Ќе ја користат и ќе ја заборават како Пендиков

Бегалката од македонската правда ќе заврши како охриѓанецот што ги вжешти односите со Бугарија пред неа, смета адвокатот

Адвокатот Јанаки Митровски смета дека бегалката Ива Михаилова е инструментализирана од бугарската политика против Македонија и на крајот ќе заврши како Христијан Пендиков, чиј случај ги вжешти односите со Бугарија пред неколку години.

„Вака, ќе ја користат, ќе ја шетаат како бела мечка да ги поживее петте минути слава, и толку, ќе ја заборават….го памти или збори ли некој за Пендиков во Бугарија денес?“, прашува Митровски на Фејсбук.

Според него, бегалката од македонската правда среде судењето во Кочани за сообраќајката со еден загинат пред една година си направила лоша услуга со бегството во Бугарија, од кадешто „нема да може да мрдне, ризик е за Шенген“.

„Ја заглавија на 23 години“, вели тој.

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top