Македонија

Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата од полноќ

Возачите ќе платат помалку за бензин, повеќе за дизел

Од полноќ важат новите цени на горивата што ги утврди Регулаторната комисија за енергетика. Бензините поевтинуваат, додека дизелот и дел од останатите деривати поскапуваат.

Според објавената одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 96 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 98 денари.

Намалувањето кај бензините е 2,50 денари по литар.

Наспроти тоа, Еуродизелот поскапува за два денари и ќе чини 99 денари за литар. Исто толку – два денари – ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 110,50 денари за литар.

Поскапува и мазутот М-1 НС. Неговата цена се зголемува за 1,837 денари за килограм и ќе изнесува 53,579 денари.

Новите цени стапуваат на сила од полноќ и ќе важат на сите бензински пумпи во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

To top