Македонија

Нови амбулантни возила пристигнуваат во Скопје

Владиниот проект за набавка на 100 амбулантни возила влегува во завршна фаза

Нови амбулантни возила денеска се носат на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што е најавена промоција на владиниот проект за набавка на вкупно 100 возила за итна медицинска помош.

Со проектот е предвидено 80 возила да бидат распределени во јавните здравствени установи низ Македонија, додека 20 се наменети за Скопје. На промоцијата ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Набавката е директно поврзана со едно од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, содржано во „Платформа 1198“.

Во делот за целосно опремување на Итната медицинска помош, партијата се обврза во текот на мандатот да обезбеди најмалку 100 нови возила, соодветен медицински персонал, како и проширување на мрежата на пунктови за итна медицинска помош во Скопје и во регионалните центри низ државата.

Со пристигнувањето на возилата, едно од клучните ветувања од предизборната платформа влегува во фаза на конкретна реализација.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

To top