Македонија

Обновен споменикот на децата-бегалци од Егејска Македонија во Скопје

Одново поставен бакарниот релјеф со мајка и три деца, кој го симболизира прогонот на 20 илјади македонски деца од Грција

Попладнево е поставен нов бакарен релјеф на мајката со три деца на споменикот во паркот „Жена борец“ во Скопје, кој го симболизира прогонот на 20 илјади македонски деца од Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција одм 1946 до 1949 година.

Останува под релјефот да биде вратен и натписот „Татковината копнеж на прогонетите“.

Споменикот беше вандализиран пред една и пол година, кога непознати лица го украле релјефот на авторката Даница Павловска–Циги.

Споменикот е поставен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје се одржа Првата светска средба на децата-бегалци.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top