Хроника

Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Три лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата Беласица во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 20 октомври, околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.

Во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „Ауди“, зад чиј волан бил 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top