Свет

Рубио: Без помошта од САД, Украина не би постоела 

Вашингтон ѝ обезбедил на Украина помош во вредност од милијарди долари, потсети американскиот државен секретар

 

„Да не беше помошта од Соединетите Држави – вклучително и за време на администрацијата на Трамп – денес немаше да ја има Украина. Украина немаше да постои како суверена држава“, нагласи тој за време на посетата на Индија, истакнувајќи дека Вашингтон ѝ обезбедил на Украина помош во вредност од милијарди долари. Тој, исто така, ги пофали украинските војници за „нивната храброст“ во борбите против Русија, пренбесе „Блумберг“

Еден ден претходно, Рубио ги отфрли медиумските извештаи според кои САД ја одложуваат испораката на ракети-пресретнувачи за системите „Патриот“, нагласувајќи дека Вашингтон се обидува да најде „рамнотежа помеѓу своите обврски кон другите партнери и сопствените потреби“.

Тој изјави дека имал 45-минутен телефонски разговор со Зеленски.

„Мислам дека најважно е да се разбере оти немало никаква намерна политичка директива за преземање дејствија што би ѝ наштетиле на Украина“, нагласи Рубио.

„И ние продолжуваме да им ги доставуваме истите предупредувања што сме ги доставувале и претходно“, увери тој.

Вчера, Зеленски на социјалните мрежи напиша дека двајцата имале „суштински разговор“ во кој биле опфатени важни прашања, вклучително и потребата на Украина од ракети-пресретнувачи и претходни предупредувања за претстојните напади.

Најнови вести од: Свет

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top