Македонија

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени над 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

– Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милиони денари, додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари. Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход исплатен од една компанија. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари. Овие приходи покажуваат зошто е важно различните извори на доход да се разгледуваат заедно, а не изолирано, рече Петрова на средба со новинарите.

Најнови вести од: Македонија

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

МЕПСО бара зголемување на преносната тарифа за струја за околу 98 отсто од јануари 2027, а четирите компании за топлинска енергија и на цената на парното греење

Конечниот збор го има Регулаторната комисија за енергетика, од чии одлуки ќе зависи колку повеќе ќе плаќаат граѓаните за струја и за греење. Пред една седмица премиерот Христијан Мицкоски изјави дека цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари 2027 година.

To top