Во соработка со финскиот гигант „Nokian Tyres“, компанијата „Мотоцентар“ ги претстави најновите модели пневматици за претстојната сезона од овој етаблиран бренд. На настанот кој се одржа денес, во ресторанот „Park by Ragusa Group“ присуствуваа партнери, соработници и медиуми, а презентацијата ја водеа претставниците од европскиот тим на „Nokian Tyres“, Ведран Грубишиќ (Vedran Grubišić), Менаџер за продажба за Балканот и Јан Гаврон (Jan Gawron), Tехнички продукт-менаџер за Централна Европа, заедно со менаџментот на „Мотоцентар“.

Како пионер и иноватор кој ја креирал првата зимска гума во светот пред повеќе од 90 години (во 1934 година), „Nokian Tyres“ ја потврди својата лидерска позиција во развојот на премиум пневматици кои обезбедуваат максимална безбедност, одржливост и предвидливост во најпредизвикувачките зимски услови. Посебен акцент за време на презентацијата беше ставен на новиот премиум зимски модел Nokian Tyres Snowproof 3P: пневматик со исклучително висок перформанс кој се одликува со Alpine Performance 3.0 концепт за напредно управување; нов дизајн на шарата со три зони (Triple Zone Tread) за максимално прилепување на снег и мраз; како и „Performance Bead Rings“ – специјални прстени за лежиште на пневматикот за зголемена стабилност при ненадејни маневри на патот. Дополнително, овој модел нуди врвна заштита за бандажите од удари (Large Rim Protector), совршено управување на сув и влажен коловоз и значително намалено ниво на бучава за максимална удобност при возењето.

Како дел од иновациите низ портфолиото на „Nokian Tyres“ беа истакнати и:
- SilentDrive™: технологија за апсорпција на звукот за значително потивко и поудобно возење.
- Aramid Strong Sidewalls: зајакнати странични ѕидови на пневматиците, со арамид, екстремно силно, вештачко синтетичко влакно, за максимална издржливост и заштита од удари и оштетувања (достапна на модели од 17” и поголеми).
- Electric Fit™: сертификација дека сите нови модели се соодветни за користење и кај електричните и хибридните возила.

- „Нашата соработка со ’Nokian Tyres’ е резултат на долгорочната посветеност на ‘Мотоцентар’ на македонскиот пазар да му понуди исклучиво докажан квалитет и премиум производи. Како компанија со над 30 години традиција, 10 продажно-сервисни центри и повеќе од 160 вработени низ Македонија, горди сме што на возачите им ги ставаме на располагање најнапредните зимски пневматици од пионерот во оваа индустрија, овозможувајќи им максимална безбедност и безгрижно возење во сите временски услови“, истакна Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“.

- „Финското наследство и повеќе од еден век иновации се нашата најголема гаранција за квалитет. Преку нашиот сопствен центар за тестирање ‘White Hell’ во Лапонија, гарантираме дека секој пневматик од серијата ’Snowproof’ нуди врвен ’grip’ (прилепување на пневматикот на подлогата) за бескомпромисно управување и кочење на возилото на снег и мраз. Исклучително ни е драго што преку нашиот долгогодишен и докажан партнер ‘Мотоцентар’ ги носиме овие премиум технологии поблиску до возачите во Македонија“, изјави Ведран Грубишиќ, Менаџер за продажба за Балканот во „Nokian Tyres“.

По официјалната презентација, присутните гости имаа можност одблизу да се запознаат со изложените модели на гуми и нивните технички карактеристики. За сите заинтересирани, новите модели на „Nokian Tyres“ се веќе достапни во продажно-сервисната мрежа на „Мотоцентар“ ширум државата.
