Македонија

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

Според Клековски, охрабрувачки е фактот што само за една седмица повеќе од 55 илјади граѓани се пријавија за вакцинација. – Денеска стартуваше вакцинацијата во сите пунктови низ Македонија. Ги повикувам граѓаните од оние групи на население, кои се изложени на опасност, коии сè уште не се пријавиле за бесплатна вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, да го сторат тоа час поскоро.  – истакна првиот човек на македонското здравство.

Од 14 октомври 2026 , кога беше отворена формата за пријавување, до денеска за бесплатна вакцинација против сезонски грип се пријавени 55.535 граѓани. Над 60% од пријавените се лица постари од 65 години, а околу една третина се граѓани со хронични заболувања. Најмногу граѓани се пријавиле во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово, информира Министерството за здравство.

Со пополнување на формата на сајтот за пријавување, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Потоа, согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години, информираат надлежните.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

Министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје кажа дека Нацрт‑законот за организација и работа на органите на државната управа треба да постави појасни правила за организацијата на институциите, прецизна поделба на надлежностите и посилна одговорност во полза на граѓаните и стопанството. Отворајќи ја дебатата што се одржува денеска во Скопје, […]

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче. А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со […]

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

Најнови вести

To top