Хроника

Две кумановки преку „брзи кредити“ присвоиле 12 милиони денари

Од јануари до јули 2026 година, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, тоа го сториле во дури 18 наврати

 

Пријава за измама од СВР Куманово е поднесена против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување.

Тие се осомничени дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари.

Кривична пријава против А.С.Д.(23) и М.В.(35), двете од Куманово, поднесе СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Кривични се поднесени и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) инаку банкарски слуќбеници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, в во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари“, информираа од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top