Македонија

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска извршија увид на почетокот на градежните работи за целосна реконструкција на улиците Бутелска и Радишанска.

– Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното барање на жителите веќе станува дело. Градежните активности се започнати, а со нив доаѓа и крајот на долгото чекање за подобри услови во своето маало. Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме. Зад нас стои дадениот збор, пред нас уште многу работа. Бутел заслужува. Скопје заслужува – изјави Ѓорѓиевски.

Град Скопје

Реконструкцијата опфаќа нов асфалт, нови тротоари и нова атмосферска канализација, а тоа значи побезбедно движење, уредени улици и решавање на проблемите со кои граѓаните се соочуваат со години.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека истовремено во Бутел се гради и мега-паркот на 86.000 м², огромна зелена површина што ќе стане ново место за прошетки, детска смеа, рекреација и заеднички семејни моменти, а во тек е и процесот за изградба на кружниот тек, како и уредувањето на речното корито на Серава.

Најнови вести од: Македонија

Црни прогнози на ОН за Македонија: ќе има само 868 илјади жители до 2100, за 960 илјади помалку одошто во 2024!

Обединетите нации прогнозираат драматичен пад на бројноста на населението во земјите на поранешна Југославија – од 18,3 милиони изброени во во 2024 година, до само околу 10 милиони до 2100 година.

To top