Македонија

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

Неколку илјади посетители беа дел од големата роденденска прослава на Diamond Mall, со која трговскиот центар го одбележа својот трет роденден. Главни музички ѕвезди на вечерта беа Петар Грашо и Јелена Розга, кои со своите настапи создадоа одлична атмосфера пред бројната публика.

Во рамки на прославата се одржа и финалното извлекување од големата роденденска наградна игра. Беа доделени повеќе вредносни награди, а еден од среќните добитници ја освои и главната награда – автомобил Geely Cityray.

Со роденденската прослава, Diamond Mall уште еднаш го потврди својот концепт да биде повеќе од место за шопинг – простор за забава, дружење и различни искуства за посетителите.

Третиот роденден годинава е поврзан и со новата општествено одговорна иницијатива Diamond HUB – Центар за економско зајакнување на жените, преку која учесничките добиваат практични обуки, менторство и поддршка за професионален развој и поголема економска независност. На овој начин, Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

Samsung продолжува да бележи рекордна продажба на серијата Galaxy Z8 во Европа, при што продажбата на Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra е зголемена за речиси 50% на годишно ниво

Сообраќајот од пребарувања за уредите на Samsung со преклопен екран во Европа се зголеми за над 260%, при што во септември достигна скок од 460%

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж. Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаден за сите љубители на возбуда и адреналин.

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top