Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Се повикува на трпение и соработка од возачите

Утре, 23 октомври, во центарот на Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради одржувањето на атлетската трка „Атлетска трка 23-ти Октомври“. Настанот е организиран по повод Денот на Македонската борба.

Според Министерството за внатрешни работи, трката ќе започне во 8 часот од паркот „Жена Борец“, на улицата „11 Октомври“.

Учесниците ќе продолжат преку плоштадот „Македонија“ и Камениот мост, потоа по улицата „Иљо Војвода“ и мостот „Гоце Делчев“, а движењето ќе продолжи по кејот на Вардар до означеното место и назад по истата патека.

Целта е споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена Борец“.

Поради трката, полициските служби ќе го пренасочуваат сообраќајот по околните улици. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

To top