Македонскиот фудбалски репрезентативец Себастијан Ерера беше играч на натпереварот во Бања Лука, кадешто Борац славеше со 2:0 против вардаровиот „џелат“ Купс од Финска во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.
Колумбискиот лев бек со македонски пасош, кој има пет настапи за Македонија, доби оценка 8,5 во првата победа на претставникот на Босна и Херцеговина во ова натпреварување.
Матеј Гаштаров постигна автогол во ремито 2:2 на Црвена звезда против Копенхаген во Белград, а Елиф Елмас беше стартер и одигра 80 минути во поразот на Аталанта од 2:0 против Ајакс во Амстердам.