Спорт

„Легендата продолжува“ – Македонскиот фајтер останува на тронот

Нов триумф на Волкановски – Евлоев падна нокаутиран во втората рунда

Александар Волкановски повторно докажа зошто се смета за еден од најголемите борци во историјата на УФЦ.

На мечот на УФЦ 333 во Абу Даби, Австралиецот со македонски корени го запре дотогаш непоразениот Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда и успешно го одбрани појасот во перолесна категорија.

УФЦ веднаш реагираа на официјалниот Инстаграм со пораката „Легендата продолжува“.

Со оваа победа Волкановски го продолжи својот втор шампионски период. Потсетиме дека титулата ја изгуби од Илија Топурија, а ја врати во 2025 година против Диего Лопес.

Потеклото на шампионот повторно е во центар на вниманието кај македонската јавност. Неговиот татко е роден во село Беранци кај Битола, а семејството подоцна се преселило во Австралија.

Самиот Волкановски е роден во Волонгонг, Нов Јужен Велс. Мајка му е од грчко потекло.

Тој повеќе пати јавно ги потврдувал своите корени, меѓу другото и во интервју за „Марка“ во 2024 година, каде зборувал за желбата да ја посети Европа.

„Татко ми е Македонец, презимето Волкановски е македонско. Мајка ми е со грчко потекло“, изјавил претходно шампионот.

Иако се бори под австралиското знаме, Волкановски не ги крие македонските корени. Неговите успеси продолжуваат да се следат со гордост и во Македонија и меѓу Македонците во Австралија. Со најновиот триумф му го нанесе првиот професионален пораз на Евлоев и уште еднаш се потврди како доминантна сила во перолесната категорија.

Најнови вести од: Спорт

To top