Таа излегла од службеното возило и започнала расправа.
„Само кажете ми – додека поминував, викнавте: ’Каде сте пи*ки?‘… Кажете ми сега, кој е пи*ка? Кој е пи*ка? Вие или јас?“ – праша Брнабиќ маж кој држеше пиво, што може да се види на видеото објавено од неделникот „Време“.
„Можете ли да слушате низ тоа оклопно возило? Оклопот ви е слаб. Ништо не слушате. Колку децибели блокира тој оклоп?“ – возврати мажот.
На 9ова Брнабиќ возврати: „Ајде, зборувај гласно! Што е сега? Значи, ние сме ’пи*ки‘ само додека не се појавиме и не ве погледнеме во очи?“ – рече Брнабиќ, по што ја оттурна раката на една жена.
Еден маж ја праша како успеала да слушне што рекол тој.
„Знаеш ли колку вреди твојот збор? Знаеш ли колку вреди твојот збор? Не вреди ништо“ се вклучи друг маж.
„А, ти мене ме нарекуваш пичка“ – рече Брнабиќ, повторно обраќајќи му се на мажот со пивото.
„Кој те нарекува така? Како слушна низ оклопното возило?“ – ја праша тој.
„Јас немам оклопно возило. Не се плашам од сопствениот народ“ – одговори Брнабиќ.
„Што направив јас?“ – праша Брнабиќ. Во тој момент, дел од собраните граѓани почнаа да ги повикуваат другите да се разотидат.
Мажот со пивото во раката ја праша Брнабиќ дали има намера да им честита на победниците.
„Не, кажете ми како тоа јас сум пи*ка“ – повтори Брнабиќ. „Ме нарековте пи*ка. Кажете ми како сум пичка. Кажете ми како сум пичка. Кажете ми. Лесно е да дофрлате кога нема никој да ви одговори. Кукавици“, продолжи Брнабиќ.
Ana Brnabić se raspravlja sa građanima na ulici u Beogradu
Pratite program uživo na Jutjub kanalu Vremena: https://t.co/Kc3ImfPUjj pic.twitter.com/9AeNehZE3e
— Vreme (@NedeljnikVreme) October 25, 2026