Македонија

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Министерката за енергетика Сања Божиновска ја поздрави можноста да одговара пред Собранието по поднесената интерпелација од Левица, порачувајќи дека ќе ја претстави досегашната работа на министерството, но и дека очекува подносителите да преземат одговорност за точноста на изнесените тврдења.

  • „Да се биде министер е одговорност и чест, а тоа се оправдува со работа. Им благодарам на пратениците што ја поднесоа интерпелацијата, со што ми дадоа можност да ја претставам нашата работа. Ќе побарам вие да ја прифатите одговорноста за точноста на тврдењата во барањето“, порача Божиновска.

Таа нагласи дека ја поддржува контролната улога на Собранието и правото на опозицијата да бара одговорност од претставниците на извршната власт.

  • „Живеев и работев во Западна Европа, затоа верувам дека опозицијата треба да ја контролира Владата, а пратениците да бараат одговорност. Со внимание ќе ги следам вашите дискусии, за да извлечеме добри насоки“, рече министерката.

Осврнувајќи се на критиките за состојбите во електроенергетскиот сектор, Божиновска направи разграничување меѓу надлежностите на министерството и работењето на енергетските компании и регулаторните институции.

  • „Енергетската политика, сигурноста на снабдувањето, рударството и минералните суровини се нашите обврски. За ЕСМ – тоа е акционерско друштво, а министерството не води набавки, ниту склучува комерцијални договори. За МЕПСО има законски граници. РКЕ има јасно определена улога, тоа е независно тело“, изјави Божиновска.

Таа се осврна и на начинот на избор на членовите на Регулаторната комисија за енергетика, нагласувајќи ја улогата на пратениците во тој процес. Во продолжение на собраниското обраќање, министерката започна да ги презентира резултатите од работењето на министерството, при што како прва точка го издвои Законот за енергетика.

Интерпелацијата против Божиновска беше поднесена од пратениците на Левица, кои ја критикуваат за состојбата во енергетскиот сектор и за финансиското работење на ЕСМ. Пратеникот Амар Мециновиќ претходно обвини дека државната компанија има милионски долгови и дека власта не презела доволно мерки за нејзина консолидација.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top