Македонија

Мајка донираше бубрег на своето дете

Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да предизвика бубрежна слабост, соопшти Министерството за здравство

 

По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, а лекарите утврдиле дека таа е соодветен жив дарител на бубрег.

Алпортовиот синдром е ретко генетско заболување кое ги зафаќа бубрезите и во потешките случаи може да доведе до губење на нивната функција, поради што пациентите имаат потреба од дијализа или трансплантација.

„Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Министерот, пред неколку дена, ги посети пациентите на кои им биле извршени трансплантации на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти бил трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот била извршена трансплантација од жив дарител.

Националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, упати благодарност до семејството и медицинскиот тим вклучен во постапката.

„Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави Кузмановска.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top