Хроника

О.А. (76) во Ѓорче Петров пронајдена мртва со видливи траги од насилство

Скопјанка денеска пријавила во полиција дека ја нашла мртва нејзината мајка во населбата Ѓорче Петров, соопшти МВР.

„Денеска (27.10.2026) во 09.18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на улицата ‘Ѓурчин Кокале’ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А. (76), без знаци на живот“, соопшти МВР.

Од страна Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство.

Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција.

СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Најнови вести

To top