Македонија

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Мртвото тело на Стефан Наумов – Стив, пред да биде осквернавено од бугарските окупатори и оставено покрај реката, за да се распадне, а потоа однесено во непознат правец

Рани години

Стив Наумов потекнува од печалбарско семејство. Татко му Васил потекнувал од село Битуша, Леринско. Тој уште кога имал 19-20 години заминал во Романија каде работел на сечење шуми, односно изградба на железнички пруги. По петгодишна работа се вратил во Битуша во 1903 година, кога се оженил со мајката на Стив, Јана Темелкова. По раѓањето на синот Сотир, Васил повторно заминал на печалба, овој пат во САД. По враќањето од САД, во 1913 година целото семејство се преселило во Битола. Потоа Васил повторно заминал во САД, каде останал до крајот на Првата светска војна. Стив Наумов се родил на 27 октомври 1920 година, како трето машко дете.

По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишал на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапил на напредното работничко движење, поради што често бил затворан. Во 1939 година станал член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола.

Статуата на Стефан Наумов – Стив во Битола

Учеството во Народноослободителната војна

Во април 1942 година, Стив Наумов учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. На 6 мај 1942 година во Битола го убил бугарскиот областен полициски началник. Во јуни 1942 година станал член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија.

Есента истата година, Стив Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. За неговата глава се барале 200 илјади лева, жив или мртов. Потоа, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска.

Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи месното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока. Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во леринското село Винени, бил наречен по него.

По Втората светска војна, на партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните се наоѓа и гробот на неговиот брат Ѓорги Наумов (1914-1942), кој бил обесен во скопскиот затвор. Во негова чест, денес три основни училишта го носат неговото име, во Битола, Скопје и Пласница. Во Битола има и спомен-куќа посветена на неговиот живот и дело.

Зафир Хаџиманов и Сенка Валетанлиќ испеаја песна за него насловена „Песна за Стив Наумов“.

(„Википедија“)

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

Најнови вести

To top