Претреси на десетина локации, се од утринава, поради нова акција на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР.
Според првичните неофицијални информации, со акцијата опфатени се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Меѓу осомничените како првопријавен е Ден Дончев, поранешен директор на ФЗОМ, во време на Владата на СДСМ.
Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.