Македонија

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Производството на струја е стабилно. ЕСМ се грижи за сигурно снабдување на граѓаните. Ги следиме на дневна основа и цените на гасот, ЕСМ е веќе во преговори за подолгорочно и поконкурентно снабдување, по пониски цени“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Во однос на горивата, Божиновска рече дека треба да се почека до понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ја објави одлуката за цените, а попустот на ОКТА сѐ уште трае, до следната недела.

  • Оваа Влада е многу одговорна, не дозволи никакви ценовни шокови. Имавме најевтини цени на горивата. Тоа што компаниите го поднесуваат до РКЕ е едно, зашто вие може да барате и да си дадете ваши пресметки. Но, РКЕ ќе одлучи каков ќе биде крајниот исход. Ве замолувам да ја почекаме одлуката на Регулаторна, да видиме на крај каква ќе биде нејзината одлука и колку ќе има поскапување, ако има. За цената на струјата, сведоци сме дека беше и до 1.000 евра во минатото. Но, тоа е берза, понуда, побарувачка, реагира на геополитички случувања. Знаете дека имаме сериозна војна. По 2022 година има геополитички поместувања кои влијаат на финалните цени. Ние имаме стабилно производство, ЕСМ се грижи за сигурно снабдување на нашите граѓани – истакна Божиновска,.

Таа посочи дека ЕВН би требало во следниот период да го објави и тендерот.

  • Ние правиме сè за да го заштитиме стандардот на граѓаните и тоа преку ЕСМ. ЕСМ ги дава цените што секогаш се многу пониски. Знаете дека кога дојдовме како Влада, за жал, произведената електрична енергија беше над 135 евра за мегават-час. Сега, моменталната цена по која продава ЕСМ е 65 евра, што значит дека ние свесно, само заради граѓаните, правиме големи отстапки во цените. Повеќе од двојно поефтино ја продаваме струјата – рече Божиновска.

Министерката потсети дека од 28 февруари почна кризата.

  • Неколку пати ја намаливме акцизата, го намаливме ДДВ-то, а ОКТА, како одговорна компанија, неколку пати по две недели понуди попуст. Некогаш два денари, некогаш три. Тоа се милиони евра. Сега, исто така, трае попустот, некаде до следната недела. Ние ги следиме цените и ќе видиме за понатаму. Имаме две недели. Кога ќе истечат тие две недели, ќе видиме што и како понатаму, зависно од цените. Во понеделник РКЕ ги кажува финалните цени.

Таа додаде дека ги следат и цените на гасот, но оти и тие се менуваат на дневно ниво.

  • ЕСМ закупува гас на подолг период, ќе видиме и тука што ќе се случува. За ноември имаат закупено гас, ЕСМ е веќе во преговори за подолгорочно и поконкурентно снабдување, да добие пониски цени. За субвенции секако дека ќе дискутираме, ќе видиме какви финансиски импликации ќе има – објасни министерката.

Таа е децидна дека изборите во Србија нема да се одразат врз почнатите гасни проекти.

  • Промените на политичката сцена во Србија сигурна сум дека нема да имаат никакво влијание. Ние со северниот сосед ќе бидеме нов начин на алтернативно снабдување на цела Европа со гас. Не верувам дека тука ќе има некои поместувања кога станува збор за политичките случувања. Што се однесува до гасоводите, заедно со Република Грција константно ги гледаме роковите, ништо се нема одложено, важи тоа што го имаме кажано и на рокот сме. Значи, следната година околу јуни треба да биде завршена трасата до Република Грција, тие 68 километри, а во август се избра изведувач и за северната граница, за тие 22 километри. 2028 е година кога ќе биде целата граница завршена. Изборите во Србија нема апсолутно ништо да пореметат. Ние имаме зацртано еден гантограм наActivities и тука сме добри со термините. Нема никакво поместување – подвлече Божиновска. 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

To top