Скопјанката Рина Киркова Танеска раскажува за нејзината ,,ГОЛГОТАТА СО ПОЦ – ПАРКИНГ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР” поради грешка на администрацијата на централната скопска општина.
Киркова Танеска вели дека по голготата и се јавија многумина граѓани со различни прашања, на кои таа немам одговори но за нив ја раскажува нејзината голгота по која секој сам треба да носи заклучоци.
Голготата почнува на средината на септември:
Колата ми е прописно паркирана во реон Буњаковец, на место за резиденти. На шофершајбната си наоѓам казна.
Се јавувам во Грижа за корисници и ми објаснуваат дека казната е издадена по грешка и дека треба да поднесам приговор. Не можат они по службена должност иако е нивна грешка, туку треба јас. Добро, такви се правилата.
Одам јас (прв пат) да поднесам приговор, а таму ми објаснуваат дека тоа требало да го направам онлајн, затоа што горе не смееле да ме пуштат без најава. Си одам.
Ја отварам нивната апликација, но освен да платам казна ништо друго не можам да отворам. Повторно се јавувам. Ми објаснуваат дека нова им е страната и уште не им работи како што треба. Сепак ќе морало да поднесам лично приговор. И покрај многу работни обврски поднесов приговор (втор пат). Ми кажуваат дискретно дека со врски можело и друг да го реши проблемот. Ама јас не сум човек што сака врски. Сакам се сама да си завршувам и да следам правила. Не обрнувам внимание и сметам дека работата е завршена.
Помина недела дена ја отварам апликацијата, казната уште стои. Онаа истата што е издадена по грешка и за која сум поднела приговор. Повторно се јавувам. Ми објаснуваат дека казните се книжеле за месец или месец и нешто и да не се нервирам се е во ред, го гледаат приговорот. Прашувам до кога ми е договорот за паркинг бидејќи јас не го гледам, ми одговаат дека едниот за нерезиденти (цел Центар) ми е до 11.11.2026, а другиот е до 24.11.2026, но истовремено добивам совет дека преку страната не ќе можам да го продолжам бидејќи казната е уште активна. Им се заблагодарувам на укажувањето. Ова е веќе прва половина на октомври.
Добро бидејќи не можам онлајн да аплицирам, со истите документи од минатата година, имотен лист на име на татко ми, моја л.к. и сообраќајна на мое име, и полномошното од лани на име на татко ми одам (трет пат) за да во живо го продолжам договорот бидејќи мојот профил е блокиран од казната.
Стасувам со сите документи и добивам одговор дека вака не може.
Во меѓувреме се смениле правилата за паркирање. ИМААТ НОВ ПРАВИЛНИК. Кој нели би требало да стави ред во паркирањето.
Сега за да добиеш резидентна дозвола треба да имаш стан, лична карта и сообраќајна дозвола се на иста адреса.
Јас живеам во станот на татко ми во Буњаковец, а татко ми живее во мојот стан во Центар кој не е во Буњаковец. Така сме организирани во моментов, и тоа е времена ситуација. Им објаснувам. Добивам одговор дека да, во ред може, ама треба да платам 24.000 денари. Викам добро, ај да платам. Ми викаат, а не, не може, ви треба нов имотен лист не постар од 1 година. Во ред, такви се правилата, си одам и го вадам.
Се јавувам повторно во ПОЦ за да прашам дали сега ги имам сите документи (и ги објаснувам по телефон) и дали може да дојдам да го продолжам договорот за 24.000 денари. Вработената е збунета и ме упатува кај раководното лице за грижа за корисници. На телефон се му објансувам, ми вика, да може, но ќе треба да платите ако не ја смените л.к. и сообраќајната. Викам добро ќе платам. На мое барање, согласно моите обврски, ми закажува средба во среда на 21ви октомви. Ми кажува кои документи треба да ги донесам. Запишувам: нов имотен лист, лична карта од татко ми, моја лична карта, сообраќајна дозвола и полномошно дека го овластувам татко ми да управува со моето возило.
Во разговорот ми објаснува и дека постои можност да плаќам 1.000 денари месечно како корисник „надвор од опфат“, а со полномошно од татко ми да се регулира резидентното паркирање.
Одлично.
Ноќта пред договорената средба, поради силни болки, завршувам на Ургентен центар во „Систина“. Од 1 часот по полноќ до 5:38 сум таму.
Сепак, следното утро станувам и одам во ПОЦ.(четврт пат)
Стасувам во 9:10.
Господинот со кој имам договорено средба го нема.
Чекам.
Доаѓа околу 10 и 15 часот.
Јас веднаш почнувам да му објаснувам дека сме разговарале по телефон и дека сме се договориле да дојдам со документите.
Ми вели дека не се сеќава на разговорот.
Повторно му ја објаснувам целата ситуација.
И тогаш почнува една сосема друга приказна. Прво ја чуствувам нетрпелливоста од негова страна, но добро, тоа е. Пробуваме да се објасниме што мене ми треба, за да констатира дека јас немам право на паркирање во Буњаковец, се додека не ја сменам л.к. и сообраќајната. Јас, мислејќи дека се уште функционира МВР како во времето на Спасовски кога чекав за документи по 3 месеци, му објаснувам дека може за тоа немам доволно време и дека тоа е стан на име на татко ми, не сум некој закупец и дека тој ми кажал телефонски дека може. Паралелно, мои блиски со истиот проблем, веќе имаат продолжени договори без притоа да платат ништо.
Не, тој инсистира дека немам право. Му викам добро ако ја сменам сообраќајната и л.к. паркирањето ќе ми биде 0 денари, а сега, со овие документи ми рековте по телефон или 24.000 или 12.000 ќе сме виделе, а сега кога сум тука, и сакам да си платам, по цела ноќ помината на ургентен, повторно ми викате не може.
Тонот се покачува.
Ми собјаснува дека можам да поднесам некакво барање до комисија, па комисијата ќе одлучувала, ама бидејќи сум била „ваква“, ќе сме виделе дали воопшто комисијата ќе ми дозволи.
Јас му одговарам дека за ваква закана ќе барам прием кај градоначалникот,
Како каобоец потпрен на шанкот на приемно ме гледа и одговара „Слободно, ене ви ја вратата“ и со гестикулација покажува кон излезната врата.
Сето ова се случува пред десетина вработени.
Понижена, навредена и со упатени закани се вртам и си одам.
Без решение за проблемот.
Не затоа што не сум подготвена да платам.
Не затоа што немам документи.
Очигледно дека на раководното лице за грижа за корисници, јас како корисник не му се допаѓам.
По околу 20 минути ми ѕвони телефонот.
Истиот господин.
Ми се извинува.
Ме повикува повторно да дојдам со истите документи.
Ми предлага понеделник.
Му кажувам дека не можам поради работни обврски.
Се договараме за следната среда. Овој пат ми дава и мобилен број да го побарам кога ќе дојдам.
И така, по повеќе телефонски разговори, 4 одења во ПОЦ, вадење документи, погрешно издадена казна, приговор, блокирана онлајн апликација, договорена средба, едночасовно чекање, расправија, покажување кон вратата, извинување и нова договорена средба – јас сè уште немам решено паркирање, туку закажан нов состанок со истите документи.
За цело време барам само едно:
Да ми кажат што треба да доставам и колку треба да платам.
Не барам привилегија.
Не барам некој да прекрши правило за мене.
Не барам бесплатно паркирање.
Не барам второ возило.
При три стана во Центар, два на мое име, еден на име на татко ми, едно возило вкупно, јас само добив закана дека ќе видиме дали некаде ќе паркирам во Центар.
Дента пишувам маил до градоначалникот на Центар Горан Герасимовски со барање за прием и со објаснување на цела ситуација. Одговор никаков не добивам еве и по три недели од тој ден, ниту куртоазен.
Доаѓа наредната среда 28ми октомви, јас сум по петти пат во ПОЦ за не полн месец. Во меѓувреме од ПОЦ и на маил и на порака ми стасуваат пораки дека за 30 дена ќе ми истече и вториот договор за резиденти кој е за мојата кола, јас го склучив со запирка во име на татко ми и јас му имам дадено полномошно за управување со колата бидејќи станот е на негово име. Такви беа правилата по стариот Правилник.
Согласно договороеното му ѕвонам на раководителот за грижа за корисници. Ми исклучува.
Чекам петнаесетина минути. Ништо не се случува.
Сфаќам дека нема што повеќе да го чекам, па си вадам бројче за на шалтер, убедена дека ги имам документите, двата договори се помалку од 30 дена пред истекување, па за 24.000 можам да ги продолжам.
Доаѓам на ред, ја објаснувам целата ситуација и велам дека сум подготвена сè да си платам.
Ми велат:
„Не, не може.“
„Добро. Како може?“
„На комисија.“
Доаѓа и тој, раководителот.
Во негово присуство, јас, се што ми кажа вработената повторувам:
„За да можам да го продолжам едниот договор за нерезиденти, ми треба имотен лист од другиот стан, така?“, нешто што денес прв пат ми го кажуваат и нормално јас за тој стан не носам имотен лист со мене зошто никој претходно не ми кажа.
„Да.“
„И да си платам 12.000 денари?“
„Да.“
„Е сега, за да можам да се паркирам како резидент, документите што вие ми кажавте да ги донесам, треба да ги доставам до комисија, така?“
„Да.“
„Комисијата може и негативно да одлучи?“
„Теоретски Да.“
„А ако ми дозволи, треба да платам уште нови 12.000 денари?“
„Да.“
„Добро, а за колку време ќе добијам одговор од комисијата?“
„Еднаш неделно заседава, па сигуро за не повеќе од 10 дена“
Решавам да ги поднесам документите до комисијата иако добив претходниот пат закани дека сигурно ќе одлучат негативно за мене. Повеќе немам време, се приближува датумот на истек на едниот договор, па да си ја пробам среќата.
Но, истовремено решавам да одам и до МВР за да видам дали е можно за пократко од три месеци да извадам лична карта со сменета адреса.
Ги фаќам на пауза. Со мене имам и повеќе од потребни документи.
Една фина вработена ме ислушува, пополнувам барање, ме прима и ме фотографира за време на сопствената пауза. Ми вели дека ќе ми се јават.
На мое огромно изненадување ми се јавуваат наредниот ден да одам да си ја земам личната карта.
Со сменетата лична карта одам да ја сменам сообраќајната дозвола.
Тоа трае 10 минути.
Вадев и извод од матична книга на родените – исто 10 минути.
Продолжувам во Катастар и вадам и нов имотен лист (тој што го извадив пред некој ден завршува во МВР), нема гужва, се вкупно трае 5 минути.
И сега сум пресреќна!!!
Сите документи ги имам како што треба. Притоа ова се ме чинеше околу 1500 денари, а за паркингот требаше без сменети документи да платам 24.000, а некоја комисија да оцени дали им се допаѓам или не и да ми дозволат (пошто не ми ги објаснија критериумите по кои можам да добијам паркинг или да бидам одбиена). Сега ги исполнувам сите пропишани услови со новиот правилник за 0 денари.
Алелуја! Конечно ќе можам да ги продолжам договорите.
Петок е 30ти октомви. Горда на себе дека сè што ми побараа сум извадила за 48 часа, без врски, без чекање, одам по ШЕСТИ ПАТ во ПОЦ. Со мене носам л.к. со адреса на живеење во Буњаковец, сообраќајна со адреса на Буњаковец, нов имотен лист стар еден ден од станот на татко ми со истата адреса од Буњаковец. Така им стои и на страната и во правилникот и 10 пати повторивме со вработените со кои документи да дојдам. Значи имам се и ги исполнувам условите согласно новиот Правилник да добијам годишна паркинг карта за реон Буњаковец.
Стасувам на ред. Сите веќе ме знаат. Малку се чудат, како и јас што се чудев, дека за два дена сум ги извадила сите документи, ама и тие се среќни – сега конечно сè ќе се реши според Правилникот.
Вработената куцка нешто на компјутерот и одеднаш:
„А, не може да го продолжите договорот.“
„Како тоа не можам?! Па нели сега ги имам сите документи?“
„Да, но активниот договор е на име на вашиот татко уште 3 недели.“
„Па не е на негово име. Јас, со запирка, се потпишав наместо него. Имав полномошно дека тој може да управува со моето возило и така минатата година ми го изготвивте договорот, мојот телефонски број е депониран, мојата меил адреса, договорот се појавува на мојот профил на ПОЦ.“
„Да, ама тоа беше според стариот правилник.“
„И?“
„Е па, сега не може. Мора да истече договорот на 24-ти, па потоа да склучиме нов договор со вас, овој не може да го продолжиме бидејќи е на име на вашиот татко.“
„Дали имам право на второ возило со плаќање?“
„Да, но ова не е второ возило. Ова е истото возило, а за исто возило не може да има два договори.“
„Добро, штом е исто возило продолжете го договорот за истото возило, еве го возилото на истата адреса со имотниот лист“
„Да, ама не може, треба прво да се раскине постоечкиот договор, така е според Правилникот“
„Е па добро, ајде вака. Јас сум му го дала полномошното, кое патем еве го со мене во оригинал. Го раскинувам полномошното и го раскинувам важечкиот договор.“
„А, не, не можете. Мора само тој лично да дојде.“
„Ама што ќе ви е он лично, јас го раскинувам полномошното, со тоа тој нема право да управува со возилото, а со тоа не му треба ни паркинг.“
„Ама не госпоѓо не можеме, не е тоа според Правилникот“.
Другите вработени ме стишуваат да не се расправам не можеле да работат. Небаре јас сакам да се расправам и да им ја реметам работната средина, ама кога не можам да се „сретнам“ со Правилникот и „со него да се разберам“, пробувам со вработените, против кои јас нема ништо лично, да ја дешифрирам оваа апсурдна ситуација. Тие се тука претставниците на ПОЦ. Патем наместо вработените да се обучени да ми најдат решение за проблемот, јас смислувам секакви варијанти.
Се смирувам.
„Добро. Направете ми договор со важност од 24-ти, бидејќи е истото возило. Така нема да имате два договора за исто возило. Едниот истекува на 24ти, вие направете ми нов со важност од наредниот ден. Еве ја сообраќајната дозвола на мое име, личната карта и имотниот лист. Се е на истата адреса во Буњаковец.“ Ваква можност со одложен датум имаат на страната на ПОЦ и за дневни и за неделни и за месечни карти. По таа логика правилникот сигурно дозволува и годишни договори да можат да се склучуваат со друг датум, а не со денот на поднесување на документите.
„Ама не разбирате, не може при активен договор да склучиме нов.“
„Добро, што треба сега да направам?“
„Па ништо. Дојдете на 24-ти да склучиме нов.“ Иако не ми е јасно како јас баш на 24ти морам, ама тоа е, нив нема да ги интересира дали сум болна, или по болници, дали имам работни обврски или сум во странство, едноставо така е по Правилникот. Но за да расчистам се, прашувам:
„И тој веднаш ќе важи?“
„Не. Согласно Правилникот имаме рок од седум дена да ве известиме.“
„А јас тие седум дена каде да ја паркирам колата?“
Крева раменици.
Ова е неиздржливо. Па нуклеарен напад да треба да се одобри не се заседава по 7 дена. Ова не го кажувам гласно иако го помислувам.
Доаѓа друга вработена и ѝ текнува дека договорот можам веднаш да го раскинам онлајн.
Го отворам системот за да го раскинам.
Но, тогаш веднаш им текнува уште нешто: ако го раскинам, тој веднаш ќе престане да важи, а за новото барање, и да го поднесам веднаш, нема да се знае дали ќе ми го одобрат и кога – имаат рок од седум дена.
Добро, јас решавам, веќе за да не доаѓам по СЕДМИ ПАТ, и да го раскинам онлај бидејќи се уште имам договор на мое име кој е до 11.11.2026
Пак невозможно. На апликацијата за раскинување на договорот потребно е да се закачи л.к. не се сигурни која, но сметаат дека е потребно да се закачи од татко ми. Една од вработените се јавува некаде за да проба да ја олесни ситуацијата, ама не, не возможно. Но нешто друго приметувам, ја нема казната, па системот ми овозможува да закачувам документи онлајн.
Ги ислушувам иако веќе немам сила ниту да слушам ниту да се расправам.
Со сите обврски, со сите проблеми и болести, шест пати одам лично во ПОЦ, два пати за казната по грешка и четири пати за продолжување на договор и тие немаат решение за мене, иако секој пат постапувам ТОЧНО ОНАКА КАКО ШТО ТИЕ МИ КАЖУВААТ.
Ги вадам документите што ми ги бараат.
Одам кога ми велат да одам.
Спремна сум да платам колку што ми велат дека треба да платам.
Прифаќам да постапам по новиот Правилник.
И секогаш кога ќе го направам она што ми го кажале, се појавува НОВ ПРОБЛЕМ согласно новиот Правилник.
И така, на крај решив онлајн да пробам да аплицирам и да видам што ќе се случи.
Продолжението очигледно следува…