Бизнис

НБРМ го презеде администрирањето со македонската Алта Банка

Мерката е од времен карактер и исклучиво поради случувањата со акционерот со квалификувано учество Алта Банка од Белград

Народната банка на Република Македонија го презеде управувањето со Алта Банка од Битола заради заштита на нејзиниот имот и на интересите на штедачите, а по одлуката за одземање на дозволата за работа на истоимената банка од Белград.

„Имајќи ги предвид јавно достапните информации за одземање на дозволата за работа  на „Алта банка“ АД Белград, со истовремено донесување на одлука за исполнување на условите за поведување стечајна постапка над оваа банка, а во насока на заштита на билансот на „АЛТА банка“ АД Битола и на интересите на нејзините доверители, Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија на седницата одржана 1 на ноември 2026 година, донесе Решение со коешто се воведува администрација во „АЛТА банка“ АД Битола. Решението е веќе во сила.

Оваа мерка е од времен карактер и се воведува исклучиво заради случувањата со акционерот со квалификувано учество „Алта банка“ АД Белград. „АЛТА банка“ АД Битола е високо капитализирана, ликвидна и со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува сите супервизорски стандарди.

Воведувањето на администрацијата подразбира дека управувањето со имотот на Банката привремено преминува во надлежност на лица именувани од Народната банка, а во рамки на дадените овластувања од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија.

Со цел заштита на имотот на Банката, во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќања од сметките на клиентите на Банката.

Во интерес на граѓаните, а со цел извршувања на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, којшто може да се користи со картичките издадени од Банката. Сите интерни плаќања помеѓу сметките на клиентите (правни и физички лица) во рамки на Банката остануваат овозможени во неограничен износ.

Би сакале уште еднаш да нагласиме дека овие мерки се воведени со цел да се заштитат имотот и интересите на штедачите на Банката. Во оваа смисла, нагласуваме дека како и досега кредитокорисниците треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите обврски кон Банката.

Народна Банка на Република Северна Македонија како и досега, ќе продолжи да ја следи состојбата во Банката и ќе презема активности во рамки на своите законски надлежности“, соопшти НБРМ.

Најнови вести од: Бизнис

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

To top