Воведената администрација од Народната банка на Република Македонија врз Алта Банка АД Битола не значи одземање на дозволата за работа, односно банката ќе продолжи да функционира, објасни гувернерот на НБРМ, Трајко Славески.
„Банката продолжува со работа без некои поголеми последици“, нагласи тој на денешната вонредна прес-конференција.
Управувањето со банката од тројца претставници на Народната банка же трае најмногу три месеца, а како една од опциите за надминување на сегашната состојба по одземањето во Србија на лиценцата за работа на нејзиниот квалификуван акционер Алта Банка АД Белград е продажбата на македонската банка со исто име.
За тоа, како што рече Славески, постојат заинтересирани, но не сакаше да ги наведе.
Акционерот од Белград ќе го задржи правото на сопственост, но во согласност со законската постапка ќе треба да ги понуди акциите на продажба. Ако тоа не биде направено во предвидениот рок, постапката ќе ја спроведе НБРМ.
Во текот на вчерашниот ден од сметките на банката биле повчечени два милиона евра, откри Славески.