Идниот градоначалник на Брвеница, Аркин Јахији, се обрати по победата и изрази особена благодарност на граѓаните во дијапората кои придонеле за неговата победа.
„Ѝ благодарам на нашата драга дијаспора, која не штедеше ништо. Бог нека ве награди. Ние ќе бидеме вашиот глас во татковината.
Исто така, им благодарам на сите мои соработници, активисти и на жителите на Брвеница – без разлика на религијата, националноста или политичката припадност.
Денес излеговме со кренати глави. Немам зборови да ја опишам оваа емоција“, рече Јахији.
По обработката на податоците од сите 24 избирачки места, кандидатот Аркин Јахији од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, освои 4. 442 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 4. 177 објави Државната изборна комисија (ДИК)на нејзината веб-страница