На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и инвестиции кон дигиталната трансформација и иднина на Македонија, преку инвестиции во делот на современите техники во медицината и инженерството, развој во делот на комуникацијата, развојот на вештачката интелигенција, современата кибернетска безбедноста, како и плановите и амбициите за развој на „Паметен град“, „Безбеден град“ и „Безбедна држава“.
Во рамки на разговорите беа разменети и мислењата за европската конкурентност, безбедност и дигиталниот суверенитет како стратешки приоритет за Европа, како и капацитетите во областа на „облачните технологии“, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста, основа за дигиталната отпорност и конкурентност.
Средбата претставува можност за понатамошно унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании, со цел искористување на современите технолошки решенија и отворање на нови перспективи за дигиталната иднина на државата.