Хроника

IN MEMORIAM: Замина Самка Ибраимовски

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор

Тажната вест ја објави „Рома Прес“, од каде што со емотивна порака се простија од долгогодишниот политички претставник и борец за правата на ромската заедница.

Ибраимовски беше препознатливо име на македонската политичка сцена, особено по својот ангажман за подобрување на положбата, интеграцијата и политичкото претставување на Ромите во Македонија.

Во текот на својата политичка кариера извршуваше повеќе значајни државни функции. Беше пратеник во македонското Собрание, министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, а извршуваше и директорска функција.

Како претседател на ПЦЕР, со години учествуваше во политичките процеси, застапувајќи ги интересите на ромската заедница и прашањата поврзани со нејзината социјална и економска положба.

Најнови вести од: Хроника

А.И. (53) пријавил во полиција дека не добил помош од дежурен лекар во Ургентниот центар во Гостивар, иако имал болки, и бил отстранет со обезбедување!

Како што соопштија од СВР Тетово, А.И. (53) од Гостивар вчера во 00:30 часот го пријавил случајот во Полициската станица во Гостивар.

To top