Свет

САД нападнаа ирански цели во Ормускиот Теснец

Анонимен американски извор изјави дека нападите биле насочени кон „Иранци кои користеле ракетни системи земја-воздух против американски капацитети“

Соединетите Држави извршија одбранбени напади врз ирански цели во Ормускиот теснец, во пресрет на клучните денешните избори за Конгресот, пренесува АП.

Анонимен американски извор изјави дека нападите биле насочени кон „Иранци кои користеле ракетни системи земја-воздух против американски капацитети“.

Иранската државна телевизија објави дека на островот Кешм се слушнале експлозии.

Претходно, Трамп изјави дека САД нема да извршат напади врз Иран пред одржувањето на денешните избори за Конгресот.
Нетанјаху врши притисок врз Трамп за голем напад врз Иран по изборите за Претставничкиот дом и за американскиот Сенат..

Сепак, се чини дека Трамп не е особено склон кон тоа и претпочита да се одржат преговори.

Непопуларна војна со Иран – заедно со нејзиното влијание врз цените на горивото во САД и другите економски сектори – стана слаба точка за Републиканската партија, која се обидува да ја задржи контролата врз Конгресот.

Претходно во понеделникот, потпретседателот Џ.Д. Венс им изјави на новинарите дека разговарал со Трамп за преговорите со Иран, додавајќи: „И претседателот и јас сме прилично оптимистични во однос на можноста за постигнување договор преку преговори“.

Во меѓувреме, ајатолахот Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата „овластување“ во врска со преговорите со САД.

Во понеделникот, Иран објави дека има план во две фази за повторно отворање на Ормускиот теснец и продолжување на преговорите со Соединетите Држави во врска со нуклеарното прашање. Хутите во Јемен, кои се поддржани од Иран, ја обвинија Саудиска Арабија за напад врз едно пристаниште.

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

To top