Регион

Забранет влез за над 19 тони македонски јаболка

Според бугарската агенција за безбедност на храната, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над максимално дозволени граници

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници.

Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија.

Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што пратката не ги исполнува безбедносните стандарди.

Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува за увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија.

За само пет дена ова е втора пратка македонски јаболка се запрени на бугарската граница.  Вкупно 40,4 тони овошје не ги поминале контролите за безбедност на храната…

Најнови вести од: Регион

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

To top