Свет

Карлсон предупредува на глобална катастрофа: Трамп разгледува нуклеарен напад врз Иран?

Познатиот американски новинар тврди дека Белата куќа е под силен притисок од Нетанјаху за нуклеарен удар во централен Иран

Американскиот новинар и политички аналитичар Такер Карлсон упати драматично предупредување преку социјалните мрежи, тврдејќи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп, под силен притисок од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, разгледува можност за извршување нуклеарен напад врз Иран во текот на наредните неколку дена.

Според наводите на Карлсон, примарна мета на потенцијалниот воен удар е подземниот воен комплекс лоциран во планината Пикакс (Pickax Mountain) во централниот дел на Иран.

Тој истакнува дека американските власти се соочуваат со одлука што може фундаментално да ги промени геополитичките односи во светот.

Во својата анализа, Карлсон предупредува на сериозните еколошки и хуманитарни последици доколку се реализира ваквиот сценарио.

Според неговите зборови, радиоактивниот отпад од евентуална копнена експлозија би можел да ги загади водните ресурси во Персискиот Залив, со што директно би се загрозило снабдувањето со вода за над 100 милиони луѓе во регионот.

Покрај непосредните штети на Блискиот Исток, Карлсон предупреди дека преседан од таков обем би можел да предизвика домино-ефект меѓу останатите нуклеарни сили во светот, што би создало ризик од ескалација со катастрофални последици за сите.

Засега нема официјална потврда ниту демант од Белата куќа или од Пентагон во врска со тврдењата изнесени во објавата на Карлсон.

Најнови вести од: Свет

Пресврт во САД и проблеми за Трамп: Демократските кандидати водат во шест од седум клучни држави, дури и во традиционални републикански упоришта!

Само еден ден пред американските избори на средината на мандатот, најновите анкети на „Њујорк тајмс“ и колеџот „Сиена“ покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.

To top