Регион

Москва: Прво нова српска влада, па договор за руски гас

Србија моментално има тримесечен аранжман за гас со Русија, кој истекува на 31 декември

Русија соопшти дека ќе продолжи со преговорите за нов договор за испорака на гас за Србија дури откако ќе се формира новата српска влада.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва очекува официјално барање од новите власти во Белград пред да продолжат разговорите.

„Што се однесува до најавите на ’Студентската листа‘ за преговорите со Русија околу договорот за гас, сметам дека на таа тема треба да се вратиме откако ќе се формираат српските органи на власт и откако тие ќе поднесат соодветни официјални барања“, изјави вчера Захарова на прес-конференција во Москва, пренесува РИА Новости.

Претставници на „Студентската листа“ веќе најавија дека сакаат да постигнат долгорочен договор за испорака на руски гас. Според нив, на тој начин Србија би обезбедила сигурно снабдување со овој енергенс и би ја избегнала неизвесноста што произлегува од честите краткорочни продолжувања на договорите.

Захарова изјави дека Русија внимателно ги следи политичките случувања во Србија и е подготвена да продолжи со контактите. Таа нагласи дека неофицијалната комуникација меѓу двете страни не е прекината.

Србија моментално има тримесечен аранжман за гас со Русија, кој истекува на 31 декември.

На 30 септември, Москва го продолжи претходниот договор за уште три месеци, задржувајќи ги претходните услови за испорака.

Преговорите за гасот се одвиваат во момент кога Србија исто така се обидува да го реши прашањето за Нафтената индустрија на Србија (НИС) – за која се водат разговори за продажба на унгарски „МОЛ“ – и која од октомври 2025 година се соочува со американски санкции поради рускиот сопственички удел во неа.
Американските власти ги продолжија дозволите за продолжување на работењето на НИС, додека истовремено се водат разговори за продажба на рускиот сопственички удел на унгарскиот МОЛ.

Претставници на „Студентската листа“ изјавија дека на Србија ѝ е потребен долгорочен договор за гас со Русија, но и развој на алтернативни извори на снабдување, со цел да се намали зависноста од еден добавувач.

Најнови вести од: Регион

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

Свинаров: Софија се плаши да не го налути „Големиот брат“

Причината поради која бугарските власти се воздржуваат од тоа јасно да ја посочат Русија како одговорна за серијата напади со беспилотни летала во Црното Море, е политичка зависност што се таложела со генерации

Полетал за Москва – го вратиле во Белград!?

Вратен авион во кој бил Александар Вулин, поранешен српски министер и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА,. По слетувањето во Белград им се обратил на полицајците со прашањето: „Колеги, дали дојдовте по мене?“

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

To top