Македонија

Предавање на тема „Утврдувањето на вистината во кривичната постапка“

Пригоден говор, како што е најавено, ќе одржи академик Владо Камбовски

Пристапното предавање на тема „Утврдувањето на вистината во кривичната постапка – тензија помеѓу ефикасноста и правичноста“ денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе одржи проф. д-р Гордана Лажетиќ, како дописен член во редовниот состав на МАНУ.

Пригоден говор, како што е најавено, ќе одржи академик Владо Камбовски.

Гордана Лажетиќ е истакнат професор на Правниот факултет „Јустинијан Први„ – Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и раководител на Институтот за казнено право и криминологија на Факултетот, со долгогодишниот ангажман во областа на казненото-процесно право, криминологијата, пенологијата и сродните научни дисциплини.

За дописен член Лажетиќ е избрана на 21-то Изборно собрание на МАНУ, одржано во ноември 2025 година

Најнови вести од: Македонија

To top