Македонија

Ѓорѓиевски: Мора да има одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар

Граѓаните имаат право да знаат како се планираат и каде се трошат нивните пари, рече Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници од градската администрација, денеска одржаа состанок со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво.

– Како градоначалник на Скопје, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за чесно и одговорно управување со јавните средства. Довербата на граѓаните се заслужува со работа, со јасни постапки и со подготвеност да се даде отчет за секоја донесена одлука. Граѓаните имаат право да знаат како се планираат и каде се трошат нивните пари, рече Ѓорѓиевски.

На состанокот се разговараше за поголема одговорност на службите и на градоначалниците, како и за активно вклучување на невладиниот сектор во подготовката на финансиските планови и буџетите.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посветено работи на создавање дигитални алатки како еден од најсилните механизми за спречување на корупцијата.

-Со поедноставни процедури, подостапни информации и можност за следење на постапките, создаваме услови за потранспарентна и поодговорна администрација. Јавните средства се доверба што мора да ја оправдаме. Секој ден, со секоја одлука и со секое дело, рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Шарените уплатници заминуваат во историја – ќе се применуваат нови стандарди во денарскиот платен промет

Активностите на банките се дел претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.

Закон без чад што ќе функционира и надвор од хартијата

Решение што навистина функционира бара јасни обврски за објектите, видливо и разбирливо означување, обучен персонал и инспекциски надзор што се спроведува доследно, а не повремено. Во делот на продажбата, неопходни се проверки на возраста, следење на увозот и брза реакција против нелегалните канали.

Почнува со работа Центар за историски студии посветен на делото на професорката Наде Проева

Центарот за историски студии „Македоника – Наде Проева“ ја објави нејзината докторска дисертација и тоа е прво издание во серијата посветена на научното творештво на професорката

To top