Македонија

Стојаноски: Растот на нискоградбата – потврда за реализацијата на капиталните проекти

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноси во објава на Фејсбук ги споредува засилените инфраструктурни инвестиции во периодот на владеењето на актуелната влада со реализирањето на проекти за време на претходната влада.

„Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО – ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! – оценува Стојаноски.

Понатаму истакнува дека според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

„Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија“, објави Стојаноски

Најнови вести од: Македонија

To top