Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот на средба во ПИОМ: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола

На средбата беше истакната и важноста на континуираната комуникација и соработката со здруженијата на пензионерите, како значајни партнери во навременото информирање на граѓаните и заштитата на нивните права како корисници на платежните услуги.

To top