Македонија Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Од 2021 година, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец со груби закани и присила изнудувала пари од оштетени лица, искористувајќи ја нивната зависност поради претходни заеми.

„Една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да ѝ се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа, изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар“, соопшти ОЈО.

Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост.

Групата  осомничени за криминал започнала повторно да ѝ се заканува на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг.

Друг оштетен во 2021 година, позајмил двапати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Иако,  ги вратил парите, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.

МВР вчера вршеше претреси во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), во врска со сомневања за кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. Беа приведени четири лица.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Независниот синдикат на одбраната: Не го поддржуваме утрешниот манипулативен протест! Нашиот пат е дијалог, а не улица!

Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивставува на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нашите синдикални вредности и принципи.

Мицкоски: Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада, имаме политички услов – уставните измени

И амбасадорот Рокас вчера кажа дека, во суштина, споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи кои се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупцијата и владеењето на правото, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Кога ќе ги извадиме валканите алишта и мумиите од плакарот?

Кога ќе ги извадиме од плакарот сите алишта, особено валканите, па и мумиите (не мислам на Бранко Црвенковски), да ги ставиме на маса и отворено да поразговараме за тоа кај сме, кои сме, што сакаме и каде одиме? Да направиме демистификација на сите митови, легенди и заблуди

Најнови вести

To top