Рокот за пријавување истекува на 11 ноември, а повикот е отворен за сите средношколци во Македонија. За учество не е потребен готов производ, разработен бизнис или претходно претприемачко искуство, туку добра бизнис-идеја, креативност и желба таа да прерасне во нешто поголемо. Натпреварот е отворен за идеи од сите области – од технологија и образование до екологија, услуги и дигитални решенија. Секоја идеја што нуди нов пристап, решава конкретен проблем или создава нова вредност има шанса за успех.
Во минатогодишното издание победи тимот Stay-Be од Битола со проектот „Систем 4“. Организатори на натпреварот се Brainster Next College и NU High School Academy, кои преку оваа иницијатива го поттикнуваат претприемачкиот потенцијал на младите. Сите заинтересирани средношколци можат да се пријават најдоцна до 11 ноември преку платформата natprevar.com. Натпреварот е поддржан и од Министерството за образование и наука на Република Македонија.